„Независен“ не е изворот за „Горна Македонија“


Одредени медиуми денес се повикаа на „Независен весник“ објавувајќи информации околу преговорите за името со Грција. Ние од весникот и од порталот „Независен“ се оградуваме од изнесените содржини, не навлегувајќи во тоа дали се точни или не, бидејќи ние не сме изворот и не се објавени кај нас. Она што го објави „Независен“ е следниот текст:

„Неофицијално се дознава дека Атина ретерирала од предлогот за споено име без превод, нешто што од наша страна претходно беше наречено апсурд. Неофицијално се работи и на формулација за јазикот со „звездичка“, односно со објаснување на неговото словенско потекло како решение за проблемот. Како најголема пречка и натаму е барањето на Атина да се менува Уставот  и да се внесе внатре новото име во рамките на варијантите што се слушаат“.