НБА-Хјустон го освои Западот


Хјустон Рокетс на седум натпревари пред крајот на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата го обезбеди првото место во Западната конференција благодарејќи на поразот на Голден Стејт Вориорс од Милвоки Бакс со 116:107.

На овој начин Хјустон ја прекина доминацијата на Голден Стејт од изминатите три години што се однесува до првиот дел од сезоната. Исто така ова за Рокетс е прв пат во историјата на клубот да се лидери во конференцијата.

Хјустон има 61 победа и 14 порази, односно седум триумфи повеќе од бранителот на титулата, а двата тима ги очекуваат уште по седум натпревари.

Голден Стејт претходните три сезони убедливо стигнуваше до првото место на Западот, но оваа година во плејофот ќе почне од втората позиција.