Најновиот британскиот носач на авиони вреден 4,2 милијарди долари пропушта вода


Најголемиот британски воен брод, носачот на авиони „Елизабета Прва“, пропушта вода и ќе мора на ремонт, соопшти британското Министерство за одбрана.

Воениот брод долг 280 метри, тежок 65.000 тони и вреден 4,2 милијарди долари, е претставуван како најсофистициран британски воен брод во историјата.

Кралицата Елизабета Втора пред само две недели официјално го пушти во употреба, но кусо потоа беше утврдено дека во одредени делови бродот протекува.

– Тоа ја спречува пловидбата (на бродот), но нема да ја наруши програмата за пловидби – рече портпаролот на Кралската воена морнарица.

Изградбата на бродот траеше осум години, а дополнителните поправки ќе чинат милиони фунти.