Министерот Асаф Адеми за „Независен весник“: Со „Скопје 2014“ е прекршен Уставот


Министерот за култура Асаф Адеми во интервју за „Независен весник“ рече дека со проектот „Скопје 2014“ прекршени се повеќе закони и членови од Уставот на Република Македонија.

„Работната комисија работи на сите сегменти кои се поврзани со „Скопје 2014“ и поради обемноста на работата, нивните обврски се на долгорочен план. Досега се доставени неколку елаборати кои што се испратени до Владата. Речиси во сите елаборати може да се забележат дека има голем број на прекршување на закони, членови од Уставот. Нашата работа како министерство е да ги примиме тие забелешки и да ги доставиме до Владата, а согласно тоа, понатаму работа ќе имаат истражните органи“, вели Адеми.

Во неговото прво интервју за медиум откако ја презеде функцијата министер на 4 јуни годинава, зборува за повеќе актуелни проблеми во културата и начинот на кој ќе се справува со нив.

Целосното интервју ќе биде објавено во печатеното и електронското издание на викенд бројот на „Независен весник“ во сабота на 15 септември.

Ивана Настеска

фото: Борис Грданоски