Мелани Грифит: Не планирам четврти брак


САД– Славната актерка Мелани Грифит, ѕвездата од филмот „Вработена девојка“, се отвори за своите љубовни врски  во интервју за магазинот„Инстајл“, велејќи дека по трите разводи од Дон Џонсон, Стивен Бауер и Антонио Бандерас, таа не планира повторно да се омажи.

„Верувам дека на никој веќе не му е важно. Особено ако имаш 60 години, имаш четири деца и го живееш животот што отсекогаш си го посакувал”, рече таа. „Зошто би се мажела тогаш? Јас би сакала да се вљубам и да имам романса, врска, не тоа не ми се случува во моментов. Продолжувам да барам. Имав неколку љубовници, но не и врска.“

Иако Грифит рече дека е отворена кон идејата да запознае некоја нова личност, таа не се фокусира на нејзиниот љубовен живот.

„По разводот, и на некој начин завршувајќи со растењето на моите деца – најмалата Стела сега има 21 година – би рекла дека имам време и шанса да ја рестартирам и ревитализирам мојата кариера“, рече таа.

Потсетувајќи се на нејзиниот однос со Дон Џонсон, со кого ја има ќерката Дакота Џонсон и со кого се омажи и се разведе двапати, Грифит рече дека нивната поврзаност е некршлива.

„Ние сме отсликани едена на друг“, рече таа. „Тоа беше еден тип на природна кармична работа за нас повторно да бидеме заедно и да ја имаме Дакота. Неа ѝ било судено да дојде на овој свет.

Што се однесува до нејзиниот речиси 20-годишен брак со Бандерас, актерката е благодарна за нивната ќерка Стела.

„Започнувањето на семејство со Бандерас беше повозбудливо од играњето улога во приказна“, рече таа. „Треба да го живееш својот живот, а не цело време да глумиш некој друг. А, како можеш да глумиш некој друг ако не живееш сопствен живот? ”

Таа додаде дека ги „сака“ сите нејзини поранешни сопрузи, велејќи: „Сите сме многу блиски“.

Грифит, по многуте естетски операции и речиси непрепознатлива. Таа е ќерка на легендарната актерка Типи Хендрен, ѕвездата од филмовите на Алфред Хичкок.