Матис доаѓа во Македонија за поддршка на референдумот


Сакам јасно да ставам до знаење дека ние го поддржуваме македонскиот народ“, рече првиот човек на Пентагон, Џим Матис, пред да замине за Македонија овој викенд, јавува Гласот на Америка.

На прашање од Гласот за Америка дали е загрижен за мешањето на Русија во референдумот во Македонија, секретарот за одбрана на САД Џим Матис рече:

– Загрижен сум за тоа. Мислам дека не треба да има мешање во демократијата. Ако се изразува став на хартија е една работа, но ако се прават неволји како што Русија практикуваше во Украина и во САД, и сега во Македонија зашто Русија секогаш се прилагодува на специфичната ситуација, што се однесува до мене, јас би бил претпазлив – рече првиот човек на американската одбрана.

 – Сакам јасно да ставам до знаење дека ние го поддржуваме македонскиот народ – подвлече Матис во Пентагон, пред да замине за Македонија, овој викенд.