Манчевски на среба со УПОЗ за реформите во администрацијата


Синдикатот на УПОЗ денеска во зградата на Сојузот на синдикати на Македонија ќе се сретне со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски со кого ќе разговара за реформите во јавната администрација и за најавениот закон за плати во јавната администрација.

Покрај ова, на седницата на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ се очекува да се расправа и за потпишување на грански колективен договор, како и за спроведување на заклучокот на Владата и Спогодбата за степенот на кариера во државните установи. бак/са/07:37