Манекенката секси во поодмината бременост: Цеце Орешкова како Деми Мур


Манекенката и бизнисменка Цеце Орешкова по примерот на славната актерка Деми Мур се соблече во поодмината бременост. Секси црно-белите фотографии кај што позира сама или со сопругот Кристијан Георгиев ги сподели на социјалните мрежи. Жените и честитаат на храброста, а мажите се воодушевени од нејзината убавина.

Цеце и Кристијан, ги бројат деновите кога за првпат ќе станат родители. Не го открија полот на бебето. Атрактивната двојка во 2015 година љубовта ја крунисаа со брак.

Претходно, и поп-пејачката Аделина Тахири позираше во долна облека во поодмината бременост.

Кога бремената Деми Мур во 2001 година позираше како гола трудница за „Венити Феар’  тоа беше почеток на историјата на голи фотографии на познатите трудници. Нејзиниот пример, потоа го следеа Бритни Спирс, Кристина Агилера, Синди Крафорд, Моника Белучи и Мараја Кери.