Малиот Јане Велковски и британскиот амбасадор Гарет го гледаа Манчестер со Кристал Палас
Јане Велковски, момчето од скопската населба Хром, што ги освои срцата на домашната јавност, но и на УЕФА, утре заминува за Париз, а потоа и за Манчестер каде ќе биде гостин на реванш дуелот на „ѓаволите” против Севиља во осминафиналето во Лигата на шампиони.
Пред заминување на Островот, Јане ја мина вечерта во друштво на британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, но и на фанови на Манчестер во земјава и заеднички го следеа мечот на Јунајтед со Кристал Палас во Премиерлигата.
Амбасадорот Гарет на малиот Јане му подари капче со логото на олимписките игри во Лондон од 2012 година.
Јане ке патува во Манчестер на покана на францускиот репрезентивец, Пол Погба.
Јане боледува од спинална мускулна атрофија за што му е потребна терапија со лекот спинраза за што премиерот Зоран Заев најави дека ќе биде достапна за лицата на кои им е потребна.