Македонија меѓу 10-те земји со најниски плати во Европа


Македонија е меѓу десете земји со најниски плати во Европа, покажува истражувањето на Украинскиот аналитички центар. На прво место на листата е Украина, каде платите се работниците се движат околу 190 евра и се најниски во Европа. Меѓу десетте земји со најмали примања се и Србија, Белорусија и Албанија.

Украинските стручњаци составиле листа на најсиромашни европски зеји, на кои на прво место е Украина, а потоа следи Молдавија со 216 евра, а Азербејџан е на третото место со просечна плата од 232 евра, наведува порталот economics.unian.info.

Меѓу десетте држави со најниски плати се и Грузија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Албанија, Македонија и Србија. Според податоците на украинскиот центар, највисоки се платите во Швајцарија каде просечната плата е 4.421 евро, како и во Исланд и во Норвешка каде просечните примања се 3.440, односно 3.405 евра.