Македонија како 76-та на ФИФА листата ја завршува годината


Македонската фудбалска репрезентација е без промена на пласманот на најновата ранг листа објавена денеска од страна на ФИФА. „Црвено-жолтите“ 2017 година ја завршуваат на 76. место.

Нема промени ниту во Топ 10. Германија и натаму е лидер, пред Бразил и Португалија.

Во првите десет уште се: Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.

Најголем прогрес од 28 места, во декемвриското рангирање на Светската фудбалска федерација има Вануату кој е 157. додека Никарагва е со најголем пад – 13 места и сега се наоѓа на 119. позиција.