Македонец покрена сексуална револуција во Индија
Македонецот Благој Аризанов (29) дошол на идеја да отвори синџир хотели во Индија во кои невенчаните двојки би можеле да доаѓаат на интимно дружење. Сепак, Индија не е земја каде што таквото однесување е прифатливо. Полицијата изврши упади во хотели во Мумбаи и уапси повеќе од 40 невенчани двојки. Сите добија обвиненија. Студентите биле принудени да ги повикаат родителите и да им признаат што правеле. Од полицијата велат дека девојките добиле пријави за непристојно однесување во јавноста. За двојките без венчан сертификат во Индија, особено за оние од различни религии, минувањето време во хотелски соби знае да биде уште табу-тема. Но таму каде што многу Индијци гледаат неморал, други видоа шанса за заработка.
„Ние ви гарантираме, нема тропање на врата, нема чудни погледи, нема прашања“, вели бизнисменот Благој Блаже Аризанов.
Речиси три години, тој и неговиот индиски партнер Санчит Сети, се обидуваат да направат верзија од „љубовни хотели“ за краток престој како оние во Јапонија. Нивната компанија „StaiAnkl“ оствари вкупна заработка од три милиони долари. Со работа започнаа во 2015 година, продавајќи полудневен престој наменет за деловни луѓе што сакаат да се одморат или да се освежат. Но продажбата одеше бавно.
„Тоа не е проблем поради кој на луѓето им треба помош“, рече Аризанов.
„Мораше да сфатиме дека кај нас доаѓаат затоа што не можат да резервираат во хотели каде што работат локални луѓе. Тоа беше трагична работа, можеби и можност што ја баравме сето ова време“, рече Македонецот, а пренесува српски http://www.kurir.rs/region/makedonija/3010295/kako-je-makedonac-pokrenuo-seksualnu-revoluciju-u-jednoj-velikoj-zemlji-stanovnici-poptpuno-podeljeni-ali-njemu-biznis-cveta”>Курир.