Лукајиќ повеќе не е тренер на МЗТ


Српскиот кошаркарски стручњак Жељко Лукајиќ повеќе не е тренер на актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје.

Клубот од Аеродром информираше дека Лукајиќ си заминува поради приватни причини и дека е направен спогодбен раскин на договорот.

Него на клупата ќе го наследи досегашниот прв помошник, Ѓорѓи Кочов, кој ја доби довербата од управата на клубот.

Лукајиќ во МЗТ дојде лани во декември, како наследник на Александар Тодоров, и оствари скор 11-3 во домашното првенство, додека во АБА-лигата имаше учинок од 11 порази и една победа.