Лоши вести за Арсенал пред Божик
Играчот од средниот ред на Арсенал, Хенрик Мхитаријан ќе биде надвор од теренот за месец и половина поради повреда, соопштија од клубот.
Дваесет и девет-годишниот Ерменец има скршена коска на десната нога и веќе ја пропушти победата на „топџиите“ над Барнли овој викенд.
Оваа сезона, Мхитаријан има 20 натпревари за тимот од Лондон, во кој запиша 4 гола и 3 асистенции.
Во „амбулантата“ на лондонскиот тим се исто така Сеад Колашинац, Дани Велбек, Роб Холдинг, Константинос Мавропанос и Ектор Белерин.