Лондон нема да ја плати „сметката“ за Брегзит без трговски договор со ЕУ


Велика Британија нема да и ја плати на Европската унија „сметката за разводот“, која се проценува на меѓу 40 и 45 милијарди евра, доколку Лондон и Брисел не постигнат договор за нивните трговски односи по излегувањето на земјата од ЕУ, изјави денеска британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис. Во петокот Велика Британија и ЕУ соопштија дека постигнале компромис околу принципите за финансиското порамнување за Брегзитот, како дел од договорот за истапување на Лондон од Униајта кон крајот на март 2019 година. Но, Дејвис денеска во изјава за Би-Би-Си нагласи дека плаќањето на долгот од страна на Лондон ќе зависи од „добивањето преоден период по Брегзитот и скучувањето трговски договор“. Во врска со претходните најави на Лондон дека по Брегзит ќе биде воспоставена контрола на границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска, Дејвис изјави дека тоа било „изјава на намери“ на британската Влада, а не „законски обрзувчка одлука“. Прашањето на границата меѓу двата дела на Ирска е едно од клучните прашање на преговорите за Брегзит и Даблин се закани со блокирање на договорот доколку се вратат граничните контроли.