Леванте го продолжи договорот со тренерот Пако Лопез


Шпанскиот прволигаш Леванте го продолжи договорот со тренерот Пако Лопез, кој го презеде клубот од Хуан Лопез Муњиз во почетокот на март.

Лопез постигна фантастични резултати со Леванте и од можните 27 бодови на девет натпревари освои 22 бода.

Благодарение на овие резултати од последните два месеца клубот успеа да обезбеди опстанок во Ла лига.

Лопез потпиша договор за една година, со можност за продолжување од уште 12 месеци.

За Леванте настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди.