Кривична пријава за полицаец од Гостивар
Полицаец од станицата во Гостивар изготвил лажен купопродажен договор за возило, наводно купено во Швајцарија, а документите ги приложил во барање за регистрација и возилото го регистрирал без условот за ЕУРО 4 стандардот.
Од МВР соопштија дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична против Г.М.(44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против И.У. (54) од село Беловиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Во текот на 2015 година, Г.М. полициски службеник во Полициската станица Гостивар, изготвил лажен договор за купопродажба на возило “Пежо 206” со гостиварски регистарски ознаки, склучен во Швајцарија помеѓу И.У. како купувач и Б.С. како продавач, и покрај тоа што знаел дека И.У. не бил во Швајцарија, ниту купил возило во наведената земја. После тоа, Г.М., во Бирото за метрологија при Министерството за економија, приложил потврда за пријавен престој во Косово на име на И.У., а содржината претходно ја изменил. После тоа, документите ги приложил во барањето за регистрација во Отсекот за управни работи при Полициската станица Гостивар. По ова, на 10 април 2015 година Г.М. извршил регистрација на наведеното возило, и покрај тоа што истото не ги исполнувало ЕУРО 4 стандардите