Креации од чоколадо на Саемот во Брисел


Белгија-Љубителите на слатки и мода во Брисел ги реализираа своите соништа кога пред нив прошетаа модели облечени во креации направени од чоколада.

Модната ревија, која е резултат на соработка меѓу дизајнери, готвачи и производители на чоколадо од 15 земји, го отвори тридневниот саем „Salon du Chocolat“ во главниот град на Белгија.

Невообичаени чоколадни креации вклучуваат вечерни тоалети, коктел фустани до шапки.

Меѓународниот саем, каде што посетителите можат да ги вкусат производите од повеќе од 130 изложувачи, се одвива во земја која е една од водечките светски производители на чоколадо.