Косовска Митровица: Градежен работник падна врз девојче


Две лица се повредени во центарот на Косовска Митровица, кога утрово градежен работник паднал од зграда на која работел врз девојче што поминувало покрај зградата.
Работникот паднал прво на бетонска тераса, а потоа и на девојчето, што случајно поминувало од тука.
„Вечерње новости“ пренесуваат дека работникот симнувал дрвено скеле на третиот кат кога попуштила платформата на која стоел и заедно со неа паднал од височина од 20-тина метри.
Во тој момент поминувало девојче на кое паднале штици, а сведоците на настанот велат дека глетката била страшна.
„Продавав цвеќе кога слушнав повик за помош од работникот. Потрчав и видов човек како лежи и девојче кое беше без свест. Ја зедов во раце и истрчав кон главната улица. Во тој момент наиде санитетско возило и ја внесовме во него. На пат до болница се освести“, вели за „Новости“ Фатмир Љатифи.
Припадниците на косовската полиција прават увид на местото на настанот.