Концерт на Владо Јаневски на 1 јуни на стадионот на АРМ


Поп-ѕвездата Владо Јаневски се враќа на сцената со концерт на 1 јуни на стадионот на АРМ. Организаторот „Авалон продукција“ го најавува како најголем во неговата кариера. Авалон Продукција и Владо Јаневски ја обновија својата соработка по пауза од повеќе од десет години.

Концертот е по повод 25 години од соло кариерата на Владо Јаневски која започна со песната „Црно Тиквешко“, а после која следеа навистина безброј хитови што придонесоа Владо да биде во моментов најголемата машка музичка ѕвезда во Македонија.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн на веб страницата на ККЗС, по следниве цени:

500 ден ПАРТЕР, 800 ден ФАН ПИТ (само 1.000 влезници) и 1.000 ден ВИП.