Комбе влета во толпа луѓе во Германија


Две лица загинаа во германски град Минстер откако комбе денеска влета во толпа луѓе кои седеле надвор во неколкуте популарни ресторани.Возачот на возилото, кој се уште не е официјално идентификуван, се самоубил на самото место.

Околу 20 лица се повредени, од кои шестмина сериозно.Инцидентот се случил во стариот дел на градот.

Властите велат дека нема индиции дека се работи за напад зад кои стои исламистичка група.Државниот министер за внатрешни работи, Хербет Руел, изјави дека истрагата во моментов е уверена дека сторителот е германски државјанин.

Возило, наводно, сиво комбе фоксфаген околу 15 часот по локално време влетало во луѓето кои седеле надвор во рестораните.

Очевидци тврдат дека тоа се движело со огромна брзина и директно влетало на плоштадот кој е туристичка локација.

Мотивот и точниот идентитет на осомничениот се уште остануваат непознати за јавноста, но германските медиуми објавија дека се работи за германски државјанин кој имал менталени проблеми.Инспекторите веќе претресувале стан во дел од градот.

Сведоци на настанот тврдат дека се работи за намерен напад, бидејќи во оваа област е забранет пристап со автомобили.

Во Минстер, град, во северозападниот дел на Германија, има околу 300.000 жители.