Ким Џоунс: По „Луј Витон“ креативен директор во „Диор“
Франција – Ким Џоунс ќе ја презентира својата прва колекција за мажи „Диор Ом“ во јуни, како новиот креативен директор на колекциите „прет-а-порте“ и колекциите на аксесоари.
Ова ја потврди претходната информација дека Џоунс, поранешниот креативен директор на „Луј Витон“, ќе го наследи Крис ван Аш во директорската улога. Џоунс започнува со работа на 1 април.
Ван Аш го напушта „Диор Ом“ откако го водеше брендот 11 години и се очекува за ја прифати новата задача во „Моет Хенеси Луј Витон“ (ЛВМХ).
Пристигнувањето на Џоунс претставува прв голем чекор за Пиетро Бекари, кој стана претседател и главен одговорен директор на „Кристијан Диор Кутур“ пред шест седмици, по задачите во „Фенди“ и „Витон“.
„Со задоволство му посакувам добредојде на Ким Џоунс, со кого имав шанса да соработувам во ‘Луј Витон’“, изјави Бекари. „Се восхитувам на неговата креативност, која е комбинација на неговата инспирација од модерната култура и неговата лична интерпретација на специфични кодекси и наследства на модната куќа. Уверен сум во неговата способност да го пренесе својот универзум во домот на ‘Диор’ и да измисли за ‘Диор Хом’ една елегантна и апсолутно модерна линија“.
Џоунс се придружува на групата врвни дизајнери во „Диор“, предводена од Марија Грација Чиури, креативниот директор на женската висока мода, „прет-а-порте “ и колекциите на аксесоари, како и Виктоар де Кастелане, нивниот прв дизајнер на накит од 1998 година.
„Ми претставува голема чест да се придружам на ‘Диор’, модна куќа која е симбол на елеганцијата. Би сакала да им се заблагодарам на Бернар Арнао и Пиетро Бекари што ми ја доверија оваа неверојатна можност“, вели Џоунс во својата изјава. „Ќе се посветам да создадам една модерна и иновативна машка силуета изградена врз основа на уникатниот стил на куќата“.
Трансферот на Џоунс во „Диор Ом“ дефинитивно изненади многумина. Медиумите ја објавија информацијата минатата есен дека Џоунс преговара да се придружи на куќата „Версаче“, а исто така имаше шпекулации дека се натпреварува за местото на Кристофер Бејли во „Бербери“, улога која привремено ја врши Рикардо Тиши.
Откако дипломирал на „Централ Сеинт Мартинс“ во Лондон, Џоунс има огромна кариера во модата, почнувајќи од соработката со Џон Галиано за неговата дипломска колекција.
Џоунс бил именуван за најдобар британски дизајнер на машка облека во 2006 година, а во неговото резиме се наведени соработки со Александер Меквин, „Мелбери“, „Хјуго Бос“ и „Умбро“.