Караџиќ ќе заврши во затвор на една од 14 европски земји


Радован Караџиќ, откако вчера беше осуден ан доживотна казна затвор, својот живот ќе го заврши во еден од затворите од 14 земји на Европа.
Имено, со толку од нив, трибуналот во Хаг наследи потпишани договори за прием на лица кои се правосилно осудени.
Италија беше прва држава која му ги понуди своите затвори за сместување осуденици на трибуналот за воени злосторства сторени на територија на поранешна Југославија. Во нејзините затвори се наоѓаат петмина злосторници.
Во финските затвори казната ја отслужуваат седуммина, додека во Германија, Норвешка и во Австрија има по шест. Во Шпанија се сместени петмина осуденици, а во соседната Португалија само еден. Франција, Холандија и Шведска во своите затвори во своите затвори сместија по четворица воени злосторници, додека Естонија и Велика Британија имаат по тројца.
Двајца од осудените воени злосторници своите казни ги отслужуваат во Полска.
Најпознатата осуденичка која својата казна за воени злосторства ја одлежа во Шведска е некогашната претседателка на ентитетот Република Српска, е Билјана Плавшиќ.
Таа постојано се жалеше на условите во притворот во Шведска, а во еден момент ја алармираше јавноста, по пат на адвокат, со тврдење дека шведските чувари ја затвораат секоја вечер во ќелијата и пуштаат отровен гас. По проверките, се покажа дека сето тоа го измислила.
Инаку, една од темелните одредби на договорот за прифаќање на осудените воени злосторници од трибуналот во Хаг е да мора да се почитуваат постулатите на меѓународното право, дека Црвениот крст има право, без малку, во секој момент да ги посети и да разговара со осудениците.