Карабатиќ во последната секунда и донесе бронза на Франција
Германците кои првпат на Мундијалот 2019 играа надвор од својата земја, не успеаја да дојдат до бронзениот медал и покрај водството на полувреме со четири голови разлика (13:9), а во последната минута имаа и напад за победа.
Најефикасен во триумфот на „триколорите“ беше Мае со седум голови, додека во поразениот тим се истакна Геншајмер со шест погодоци.
Од 17.30 часот ќе почне големото финале во кое се среќаваат ко-домаќинот на шампионатот Данска и Норвешка.