Индиски бизнисмен им ги платил свадбите на 250 сиромашни жени


Бизнисмен од Индија ја плати организацијата на венчавање на 250 жени од сиромашните средини. И, сето тоа токму на Бадник.

Махеш Савани масовната венчавка ја организираше во градот Сурату во државата Гуџарату во задпадниот дел од Индија, а свеченоста опфати двојки од хиндуистичка, муслиманска и христијанска вероисповед.

Бизнисменот кој инаку се занимава со продажба на недвижности, веќе со години организира такви масовни венчавки за девојки кои, на пример, го изгубиле татка си и не можат да ја платат својата свадба. Од 2012 досега, вкупно 969 двојки стапиле во брак благодарение на овој добротвор.