Изложба „Суперпутин“: Путин јава на мечка, се бори со тигар, пука од минофрлач (ВИДЕО)
На изложбата „Суперпутин“, која е посветена на рускиот претседател Владимир Путин, посетителите ќе можат да видат слики и скулптури кои актуелниот претседател на Русија го прикажуваат како Супермен, јава на коњ, јава на мечка, љубител на животни, дури и како Дедо Мраз.
Lukisan ketokohan dan semangat heroik Vladimir #Putin digambarkan dalam pameran “#Superputin” di #Moscow yang dibuka minggu ini, ketika beliau memulakan kempennya bertanding sebagai Presiden Rusia untuk bagi penggal keempat. pic.twitter.com/ktetyls0CE
— TheMalaysianInsight (@msianinsight) December 10, 2017
Во големата сала на музејот сместен во простории на поранешна фабрика во центарот на руската престолнина посетителите ќе можат да уживаат во сликите и скулптурите кои рускиот претседател го прикажуваат додека нежно милува кученце, го подига руското знаме, безгрижно јава на мечка, покажува „натчовечки“ особини при средба со тигар, на Арктикот се дружи со поларна мечка или храбро пука од минофрлач.
Clearly need this over my bed.https://t.co/VdlyTZSTF2#superputin pic.twitter.com/qgxXNZqkvN
— Julian Röpcke (@JulianRoepcke) December 10, 2017
„Секоја изложена слика или скулптура истакнува некој од квалитетите на нашиот претседател“, вели за АФП, Јулија Жуљева, организаторка на изложбата која ќе биде отворена до 15 јануари, а на која се изложени 30 слики и скулптури кои ги имаат создадено млади уметници.
#Putin è peraltro protagonista della mostra #SUPERPUTIN al museo UMAM di Mosca: https://t.co/ctdYfG0Dbi pic.twitter.com/tMf4qvAQBR
— euronews Italiano (@euronewsit) December 6, 2017
„Секој од младите уметници го има претставено Путин во некој позитивен аспект. Секој од нив го сака, почитува и го поддржува“, рече 22-годишната Жуљева.