И Словенците се острат, следувала нивна инвазија во Вараждин
Се надеваа дека ќе пренесат најмалку три бода, а сега се среќни што воопшто стигнаа до втората фаза на ракометното Европско првенство во Хрватска. Словенечките ракометари по поразот од Македонија и ремито против Германија, со победата против Црна Гора успеаа да обезбедат пласман меѓу 12. најдобри репрезентации на стариот континент, но тоа ни од далеку не ги задоволува нивните амбиции. Посакуваа(т) полуфинале во Загреб, но за тоа ќе им треба победа против сите три противници: Данска, Шпанија и Чешка, како и поволна разврска од другите мечеви. Сепак, тоа не ги спречува да шират позитива во пресрет на утрешниот меч со Данска.
„Салата во Вараждин е премала за нашите фанови, по инвазијата во Загреб, следува инвазија и во Вараждин“, пишуваат медиумите во Љубљана.
Вараждин се наоѓа блиску до границата со Унгарија и со Словенија, но прашање е како ќе успеат да се снајдат со неколкуте илјади македонски навивачи, кои што со нашите ракометари ќе продолжат да го живеат ракометниот сон.