Енергетската ефикасност на старите згради чини 300 милиони евра


Со инвестиции од 300 милиони евра за енергетска ефикасност во зградите во колективно домување во Македонија за пет до осум години ќе се обезбеди заштеда на 30 до 50 проценти од потрошувачката на енергија за греење и ладење, што е 60 до 70 отсто од вкупната потрошувачка на енергија во домаќинствата.

Тоа го покажуваат прелиминарните проценки на Хабитат-Македонија, НВО за обезбедување едноставни, пристојни и пристапни решенија за живеалишта на оние што живеат во услови на сиромаштија, а кои беа изнесени на денешната експертска консултација за развојот на пазарот во секторот домување со фокус на енергетската ефикасност.

Според Зоран Костов, директор на Хабитат Македонија, со процесот за зголемување на енергетска ефикасност треба да се опфатат 10.000 до 12.000 згради изградени во изминатите 60 до 70 години. Станува збор за објекти изградени во период на планска економија кога е посветувано малку внимание на енергетската ефикасност.

– Тоа за нас претставува голем потенцијал за инвестирање во енергетска ефикасност која истовремено носи заштеда за сопствениците на станови, го активира градежниот сектор кој има потреба од нов фронт за работа, нови нови работни места и ја намалува емисијата на штетни гасови во атмосферата нешто што е особено актуелно во Македонија, изјави Костов.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески најавува посериозна контрола на објектите кои ќе се градат во наредниот период за, како што вели, да бидат со сериозна енергетска заштеда. Со оглед дека сегашната регулатива делумно ја контролира енергетската ефикасност кај објектите, се јавува потреба од создавање нова легислатива која ќе биде чекор понапред во следење на современите текови во градежништвото.

– Праксата покажува дека иако постоечкиот закон пропишува новите објекти да поседуваат потврда за енергетски ефикасен објект, голем дел од нив во процесот на изградба не соодветствуваат со пропишаните стандарди за енергетска ефикасност. Затоа сметам дека новите законски решенија ќе бидат во насока на подобра контрола од процесот на проектирање па се до изградба на објектот, рече Сугарески, потенцирајќи дека крајната цел е граѓаните на добијат квалитетни енергетско-ефикасни објекти кои ќе заштедат енергија.

Во таа насока се и планираното формирање Фонд за енергетска ефикасност, каде парите ќе се обезбедуваат од енергетските компании, како и од фондови и грантови од ЕУ. Парите ќе се користат исклучиво за финансирање енергтекси ефикасни проекти. Планирани се и локални центри за енергетска ефикасност каде по барање на граѓаните или малите и средните преторијатија ќе се изготвуваат или ќе се ревидираат веќе изготвените проекти за енергетска ефикансот. Тие проекти би биле основа за аплицирање пред банките за одбрување на кредити за нивна реализација.

Од вкупниот пазар за градежништво кој тежи од 742 милиона евра (7,2 процента од БДП), вредноста на секторот домување лани бил проценет на 257 милиони евра, односно 47,6 проценти од вкупниот пазар. Приватните инвестици се застапени со 99 проценти во новоградбите, а јавните вложувања зафаќаат 81 процент од реконструкциите и адаптациите, каде најчесто се бара енергетска ефикаснот