Додека го чека Фабрегас, Монако потпиша со 36-годишниот Налдо
Монако официјално го објави привлекувањето на 36-годишниот дефанзивец Налдо од германскиот тим Шалке 04.
Бразилецот потпиша договор со клубот од Кнежеството за година и половина, со трансфер вреден 1,2 милиони евра.
Оваа сезона, Налдо зеде учество во 13 натпревари за „кралско-сините“.
Во меѓувреме, Монако е многу близу до обезбедувањето на потписот и на Цеск Фабрегас од Челзи.