Девет играчи на Барселона проверени за допинг


ФИФА денеска им приреди изненадување на фудбалерите на Барселона, откако за време на тренинг-сесија беа посетени од допинг полицијата.
Девет од играчите на Ернесто Валверде беа проверени пред следниот натпревар од Ла Лига против Малага во сабота.
Од каталонскиот клуб потврдија дека за допинг биле проверени Серхио Бускетс, Паулињо, Жорди Алба, Лука Дин, Жерар Пике, Андре Гомеш, Марк Андре Тер Штеген, Томас Вермален и Андрес Иниеста. Сите тие дадоа крв и урина.