Меланија Трамп ќе ја откорне 200 години старата магнолија од пред Белата куќа
Прочуената стара магнолија пред Белата куќа, поточно голем дел од неа ќе биде исечен, оти стручните лица процениле дека дрвото е ослабнато и претставува ризик по безбедноста, соопшти пиар-тимот на Меланија Трамп.
Магнолијата пред Белата куќа била посадена уште во мандатот на Ендрју Џексон, пред околу 200 години.
Според портпаролката на првата дама, овие мерки се во насока на безбедноста на посетителите и новинарите кои често стојат во тој дел од јужниот тревник на Белата куќа.
Двестолетната магнолија ќе се тргне додека семејството на претседателот Доналд Трамп е во празничен престој во својот имот на Флорида.
Првата дама побара да биде сочувана магнолијата, но и да се посади нова.