Две деца загинаа на час откако автомобил влета во училиште во Сиднеј
Две починати деца е епилогот откако автомобил буквално влета додека траела наставата во училишна зграда во предградие на Сиднеј, Австралија. Станува збор за две деца кои „АБЦ радио“ претходно објави дека се во критична состојба.
Пет други осумгодишни деца се хоспитализирани. Повеќето од нив се веќе добро, но медицинските лица за медиумите велат дека состојбата на едно од девојчињата е сериозна.
Инцидентот бил предизвикан од 52-годишна жена, која изгубила контрола над возилото и буквално влетала со автомобилот во училиштето, додека децата биле на час.
Портпаролот на полициската управа на австралиската држава Нов Јужен Велс уверува дека органите на прогонот ќе испитаат што се случило, како и дали ова возачот можеби имал намера да го стори ова. Жената, сепак, била одведена од инспекторите за да ѝ бидат направени целосни испитувања и да се утврди дали била под влијание на алкохол или дроги.