Дачиќ: Малку требаше да се степаме со Кучи за време на дијалогот во Брисел
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, изјави дека за време на состанок на делегациите на Србија и на Косово во Брисел, малку требало за да дојде до тепачка меѓу него и тогашниот косовски министер за правда, Хајредин Кучи.
Дачиќ ова го рече по повод изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека поранешниот косовски министер за правда скокнал на Дачиќ за време на еден состанок меѓу делегациите на Белград и Приштина и дека тој морал да му помогне.
Како што изјави Дачиќ за белградски „Курир”, оваа ситуација се случила пред неколку години, кога тој бил премиер и кога во делегацијата беа тој и Вучиќ.
Како што наведе, најекстремни биле министрите за правда Хајредин Кучи и Едита Тахири.
„Јас се изнервирав, сешто им кажав – кој се тие постојано да ја напаѓаат Србија дека сме извршиле геноцид, тие ништо не прифаќаат. Кога Кучи рече дека ние србите сме убијци, малку требаше за да дојде до физичка пресметка”, рече Дачиќ.
„Скокнавме преку масата Кучи и јас за да речиси физички се пресметаме. Тогаш Вучиќ скокна, паднаа тешки зборови и на крајот ги замолкнавме.” Сите нив, Кетрин Ештон, ги исфрли од состанокот “, раскажа Дачиќ.