Грција ќе казнува за пушење во возила и пред деца


Грчкото Министерство за здравство побара од полицијата да го засили казнувањето на граѓаните кои пушат во нивните автомобили или во присуство на деца.

Барањето е издадено врз основа на Законот за забрана за пушење цигари на јавни места.

Со Законот се предвидени казни од 1.500 евра за секој што ќе пуши во автомобил, а 3.000 евра казна за пушење во службен или државен автомобил.