Грујевски и Бошкоски нема да бидат екстрадирани во Македонија


Грчкиот Врховен суд го одби барањето на македонското Министерство за правда за екстрадиција на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Двајцата остануваат во Грција и во меѓувреме ќе бидат одлободени од затвор, јави дописничката на МИА од Атина

Како поранешни началници во МВР, обвинети во случајот на СЈО „Тврдина“, Грујевски и Бошковски илегално ја напуштиле Македонија и потоа беа фатени во Грција, при обид од солунскиот аеродром да заминат за Унгарија.