Груевски: Главата горе, доаѓаат подобри времиња


Никола Груевски се огласи на својот Фејсбук профил откако денеска му беше изречена двегодишна казна затвор за случајот Тенк.

Груевски денеска беше осуден на 2 години затворска казна за примање награда за противзаконито влијание во случајот „Тенк“, а Ѓоко Поповски, поранешен помошник министер за внатрешни работи, е осуден на казна затвор од 6 години и 6 месеци за злоупотреба на службена положба.

Експремиерот Груевски не беше во судницата, додека Поповски, кој вчера беше осуден на 9 години затвор за друг случај, дојде во судницата со лисици на рацете.

Судењето се одржа во новата зграда во Кривичниот суд, под големо полициско обезбедување а групата поддржувачи кои се собраа пред судот, откако ја слушнаа пресудата, незадоволни, почнаа да ги тресат оградите и извикуваа „Никола, Никола“.

Груевски на својот Фејсбук профил ги повика своите поддржувачи да бидат горди и им порача дека доаѓаат подобри времиња.