Градоначалникот на Куманово ќе подига споменик на фирмата што носела кумановци во Авганистан


Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски планира да подигне споменик на американската компанија „Келог, Браун и Рут“ (КБР), затоа што дала најголем придонес за развој на градот и последната деценија на кумановци кои работеа во Ирак и Авганистан им исплатила над 1 милијарда евра.

– Општината нема поголем партнер од таа компанија. Сметам дека во предвечерието на 500 години постоење на Куманово, нашиот град може да излезе со еден добар позитивен гест и да постави спомен обележје во рамки на едно убаво идејно решение – рече Димитриевски на вчерашната седница на Советот.

Тој својот предлог ќе го достави пред советниците на една од наредните седници.

Споменикот би се поставил догодина во паркот кај затворениот базен, на 500-годишнината од создавањето на Куманово.