Голужа: Македонија ќе биде изненадувањето на првенството


Поранешниот хрватски селектор, Славко Голужа очекува Македонија и Унгарија да бидат најголеми изненадувања на престојното Европско ракометно првенство, кое почнува во петок во Хрватска. Според него, Франција не е фаворит број еден, како што сметаат обложувалниците и предност, секако, и дава на својата репрезентација.

„Французите со години играат само на сила и кога ќе им се постави тактика не знаат каде се. Не би рекол дека Французите се главни фаворити, туку ќе треба да внимаваме на Германците, Данците, Норвежаните, а мислам дека би можеле да изненадат Македонија и Унгарија, односно очекувам од нив далеку да стигнат“, вели актуелниот тренер на словачки Татран.

Првенството почнува во петок во распродадената „Спаладиум арена“ во Сплит каде ќе се сретнат Хрватска и Србија. Македонија својот прв меч го игра во сабота од 19.30 часот против Словенија во загрепската Арена.