Германија ќе „увезе“ 17.000 медицински сестри и техничари
Новиот германски министер за здравство Јенс Шпан сака драстично намалениот број медицински сестри и техничари во државата да го зголеми со засилен „увоз“ од држави од ЕУ.
– Во Германија сега има недостиг од 17.000 работници во секторот нега. Затоа интензивно ќе бараме медициснски сестри и техничари од европското соседство, изјави Шпан.
Тој најави и забрзано признавање на дипломите од странство.
Од Социјалдемократската партија на Германија му префрлаат дека со својата политика сака да ги ослаби ЕУ партнерите.
– Ние не смееме да „купуваме“ од други држави нивни медицински сестри и техничари кои и сега таму им недостасуваат, изјави Карл Лаутербах.
Регуларно и за цело работно време вработени, медицински сестри и техничари заработуваат околу 3.000 евра бруто месечно, а оние кои се вработени преку агенции – околу 2.500 евра.
Според последните статистички податоци од 2015 година, во Германија работат околу 300.000 странски медицински сестри и техничари од кои најмногу се од Полска, БиХ и Казахстан.