Германец казнет со 1.500 евра зашто украл 24.000 литри вода од Јадранското Море
Германец, кој овие денови на плажа во близина на градот Трст во својот камион ставил 24.000 литри морска вода, бил приведен од локалната полиција по дојава од граѓани и го казнила со 1.549 евра, а „украденото“ море морал да го врати во Трстанскиот Залив.
Полицијата откри дека 48-годишниот германски државјанин во близина на населбата Баркола, кај дворецот Мирамаре, во својот камион неовластено од Јадранското Море испумпал 24.000 литри вода.
Германецот признал во полиција во текот на сослушувањето дека морската вода сакал да ја пренесе во Германија за потребите на еден аквариум со морски риби.