Вучиќ: Немаме веќе луѓе за војни


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави синоќа дека Србите и Албанците немаат веќе луѓе за војни и оти компромисот е решение.

– Тоа што е мој повик е дека и едните и другите добро разбираат дека немаме многу животи и дека изгубивме многу луѓе, и Србите и Албанците. Не само во меѓусебни судири туку и голем број кои засекогаш си заминаа од овие простори, изјави Вучиќ за албанската ТВ Клан и американската Еј-Би-Си.

Според него, се поставува прашањето дали може Белград и Приштина да пронајдат нештро рационално и реално, и што би значеле загубите за едните и за другите, јави Танјуг.

– Кога има загуби и за едните и за другите тогаш тоа е макар минимално задоволување и за едните и за другите…тоа би не одвлекло во иднината што ќе значи дека можеме да зборуваме и за поикаков однос меѓу Србите и Албанците бидејќи во следните 100 години тие ќе бидат двата најголеми народа на Западен Балкан, изјави Вучиќ.

– И Албанците мора да влезат во српски чевли на еден ден како што Србите мора да влезат во албански чевли и тоа е она што го зборувам секој ден. Не сум го сменил нималку мојот став или својата приказна затоа што зборувам за албански медиум и тоа е она што искрено го мислам, додаде Вучиќ.

Тој вели дека е подготвен да ги слушне сите албански предлози и предлозите на меѓународната заедница, но според него, тие предлози не смеат и не може да бидат понижувачки за Србија.