Вучиќ доби меѓународна награда за мир
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е добитник на меѓународната награда „Златен лав“ за мир за 2018 година, пренесе „Блиц“.
Наградата ќе му биде врачена на церемонија во декември во Венеција.
Во образложението е наведено дека признанието му се доделува на Вучиќ поради „плоден придонес, од меѓународно значење, кој го карактеризира неговиот мандат“ и за неговите „силни напори за промоција на мирот“.
Наградата е воспоставена пред 70 години.