Вучиќ: Во Софија ќе се сретнам со Тачи


Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека денеска во Софија ќе има средба и со Хашим Тачи.

– Нема да биде пријатна средба ниту нему, ниту на мене, некој може и двајцата да не навреди со пцовки и што? Тие не мораат, а јас морам да разговарам со него, доколку тоа може да помогне да се спасат животите барем на едно дете или на било кој Србин на Косово, изјави Вучиќ во утринското интервју за ТВ Хепи.

Тој истакна дека е негова придобивка што после 10 години успеал да ја врати Србија во „игра“ по прашањето за Косово и што воопшто почнало да се зборува за компромиси, и покрај тоа што состојбата по Србија и сега е многу тешка, како и дека Албанците во суштина сакаат само да ги обединат своите територии.

– Албанците ја научија приказната и секогаш повторуваат дека се за Европа, а во суштина гледаат како да ги обединат своите територии и само купуваат време, наведе Вучиќ.

Осврнувајќи се на изјавите на албанскиот претседател Еди Рама, како и на другите лидери од регионот, Вучиќ истакна дека доколку тој би дал изјава дека е претседател на сите Срби, тоа би бил голем проблем за Србија, но и дека тоа нема никогаш да го изјави бидејќи не е тоа, ниту мисли да биде.

Вучиќ истакна дека „шаховската позиција и понатаму е катастрофално тешка за Србија“, но и дека ќе се бори нешто тука да направи.

– Ни велат – не е добро, па знам и јас дека не е добро, но кажете ни што е добро, а можно и реално за нашиот народ. Немаме такво решение. Потрошив година дена, ништо друго не правев, само да ја вратам Србија во таа партија, потенцира српскиот претседател.