Во Турција уапсени 120 исламисти
Турската полиција попладнево објави дополнителни информации за големата полициска акција што ја спроведе денеска, во рамките на која се уапсени 120 лица поврзани со групата Исламска држава (ИД).
Рации беа извршени во 12 градови и области, меѓу кои и Истанбул, Дијарбекир, Ван, Бингол Бурса, Адана и други.
За време на полициските рации било запленето оружје, пари и документи.
Турција е клучна земја на патот преку кој исламисти одеа во Сирија и Ирак, за да и се приклучат на ИД.
Пред една година, на новогодишната ноќ, припадник на ИД изврши напад врз преполн ноќен клуб во Истанбул, при што загинаа 39 лица.