Во пожар во семејна куќа изгореле 21 илјада евра и 30 илјади швајцарски франци
Вчера во куќа во село Србица – кичевско избувнал пожар во кој изгореа голема сума на пари.
При пожарот во семејната куќа на 46-годишниот М.Л. изгореле мебелот и покуќнината во спалната соба, како и 21.500 евра и 30.000 швајцарски франци.
Огнот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица – Кичево, а увид извршила екипа од кичевската полиција.