(ВИДЕО/ФОТО) Силниот земјотрес што се почувствува во Скопје предизвика поголеми материјални штети во Црна Гора


Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора. Утрово земјотресот во 10:46 часот се почувствува и во Скопје и северозападна Македонија.

Епицентарот на земјотресот е лоциран на длабочина од 14 километри на седум километри од црногорскиот град Плав.

„Овој земјотрес би можел да предизвика и извесни материјални штети во епицентралното подрачје“, велат од црногорскиот сеизмолошки завод.

По првиот силен земјотрес, на истата локација уследи и нешто послаб втор земјотрес, со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала.