(ВИДЕО) Јапонија: Вулкан исфрла камења до 4 километри, ќе биде активен со месеци


Властите во Јапонија ги предупредија граѓаните на опасноста од големи камења во радиус од четири километри од вулканот Шинмоедак, кој денеска еруптираше.

Вулканот е висок 1.421 метар и веќе со денови исфрла песок.

Според експертите, вулканската активност може да трае уште неколку месеци.

Јапонската државна метеоролошка агенција денеска издаде ново предупредување, укажувајќи дека камењата може да паѓаат и до четири километри оддалеченост од вулканот.

Шинмоедак, кој се наоѓа во близина на островот Ксушу, е еден од 110-те активни вулкани во Јапонија.