(Видео) Тепачка во косовското Собрание
Пратеникот на Демократската партија на Косово (ПДК) во косовското Собрание, Џавит Халити денеска за време на собраниската расправа го удри неговиот колега од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Арбен Гаши.
Како што јавија приштинските медиуми, посериозен инцидент спречиле останатите пратеници.
Ден по нивната жестоката вербална расправија на парламентарната седница, Халити, кој е еден од основачите на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК) и влијателен политичар во редовите на владејачката ПДК, денеска со лакт го удри Гаши, пратеник од таборот на опозициската ЛДК.
По инцидентот претседателот на Собранието, Кадри Весели ги предупреди пратениците да се однесуваат во согласност со функцијата, која ја вршат.
Инцидентот меѓу двајцата пратенци се случи за време на гласањето за избор на судии на Уставниот суд на Косово.