(ВИДЕО) Судирот меѓу хеликоптерот и авионот се случиле над имотот на Ротшилд


Мал патнички авион „цесна“ и хеликоптер се судриле денеска над имотот Ајлсбери на баронот Јакоб Ротшилд. Британската полиција потврди дека неколку лица загинале во инцидентот, а медиумите објавија снимки од остатоци од леталата.

Авионот и хеликоптерот полетале од аеродромот Вајкомб, каде вообичаено се обучуваат пилоти почетници. Петнаесетина минути по полетувањето, околу пладне по локално време, „цесната“ и хеликоптерот удриле еден во друг и се урнале врз имотот на Ротшилд.

Се претпоставува дека во хеликоптерот имало пилот и еден патник, додека во авионот бил само пилотот.

Имотот Ајлсбери е резиденција на баронот Ротшилд, а во време на несреќата се одржувал божиќен панаѓур. Замокот изграден на имотот е познат како локација на која се снимале повеќе филмови и серии.