(ВИДЕО) Спречен терористички напад во Русија, напаѓачите се убиени


Федералната служба за безбедност денеска соопшти дека спречила терористички напад во регионот Саратов и дека лицата кои го подготвувале нападот се убиени.

– Терористичкиот напад го подготвуваше терористичка група која дејствувала во тајност, се наведува во соопштението.

Федералната служба посочува дека криминалците, од автомобил во движење, пукале кон безбедносните сили и притоа, во вооружениот судир, се смртно погодени.

Во соопштението се наведува и дека терористите кај себе имале импровизирана експлозивна направа со капацитет од околу три килограми ТНТ.